„ИЗГЛЕДА ДЕКА ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ СЕ СПРЕМНИ ДА ГИ ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ“ Шефот на француската дипломатија смета дека САД одбрале мирен пат да ја решат војната во Украина

Во интерес на САД е да бидат во таборот на Украина, кога Украина би морала да капитулира, тоа би значело ужасно признавање на слабоста на САД, наведе шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро.

440

Примирјето помеѓу Русија и Украина во воздух, на море и во енергетскиот инфраструктурен сектор може, доколку биде прифатен, да им овозможи на Киев и на неговите сојузници да утврдат дали претседателот на Русија, Владимир Путин, е навистина подготвен да ги започне преговорите за долгорочен мир, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека Париз и Лондон предлагаат делумно едномесечно примирје.






– Потоа треба да се создадат услови за воена способност (на украинска територија) за да се одврати заканата од повторни судири – истакна Баро.

Според него, претседателите на Украина и на САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп, можеби се подготвени да ги продолжат преговорите по вербалниот судир во Белата куќа.

– Можев да проценам до кој степен тие имаат намера повторно да се вклучат во дијалог – истакна Баро.

Баро наведе дека САД избрале по мирен пат да го доведат Путин на преговарачка маса, но оти стравува од неуспех.

– Во интерес на САД е да бидат во таборот на Украина, кога Украина би морала да капитулира, тоа би значело ужасно признавање на слабоста на САД – наведе Баро.

Поврзани содржини