ИЗГЛЕДА ДЕКА БАЈДЕН И МОСКВА СЕ СОГЛАСИЈА ЗА ОПАСНИОТ ИНЦИДЕНТ Ракетата што уби две лица во Полска била украинска?

„Дури и ако станува збор украинска ракета која требала да пресретне руски ракети, сепак тоа е резултат на обидот да ги заштитиме нашите животи“, изјави украинска пратеничка за Скај њуз. Русија категорично тврди дека станува збор за ракета од системот  С-300 на украинската армија.

732

Што кажа Бајден: Претседателот на САД, Џо Бајден, им кажал на сојузниците дека ракетата што уби две лица во Полска е на украинската противвоздушна одбрана, објави Ројтерс, повикувајќи се на неидентификуван извор од НАТО.

Претходно, Бајден јавно кажа дека малку е веројатно проектиолот да бил истрелан од страна на Русија.






Почетни шпекулации: Во почетните извештаи за овој инцидент, се тврдеше дека станува збор за крстаречка ракета од типот Х-101. Со такви ракети Русија вчера нападна објекти на енергетскиот сектор на УКраина.

Подоцна се објавија шпекулации дека можеби станува збор за ракети од противвозудшниот полк на украинското воено воздухопловтсво од Лавовската област, кој е вооружен со системите С-300. Според овие наводи, можеби станува збор и за ненамерен инцидент, бидејќи станува збор за складирани ракети од руско производство со постар датум, кои се непрецизни.

Москва категорична: Министерството за одбрана на Русија издаде соопштение во кое остро негира каква било вмешаност во експлозијата во Полска, во која загинаа две лица.

„Фотографиите од остатоците пронајдени во градот Пжеводов, кои циркулирани синоќа во Полска, беа недвосмислено идентификувани од руските воени специјалисти како елементи на противвоздушната наведувана ракета С-300 на украинската армија”, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

Министерството денеска соопшти дека вчерашните руски ракетни напади врз Украина биле насочени кон цели лоцирани на најмалку 35 километри од полската граница.

– Сакаме да нагласиме дека ракетните напади беа извршени само на територијата на Украина и на оддалеченост не поблиску од 35 километри од полско-украинската граница – изјави портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков и додаде дека изјавите на различни украински извори и странски претставници за наводни „руски проектили” кои паднале во населбата Пжеводов се намерна провокација, со цел ескалација на ситуацијата.

На 15 ноември, руските вооружени сили извршија масивни воздушни и морски напади со прецизно оружје со долг дострел, против воениот контролен систем на Украина и соодветните енергетски објекти, рече Конашенков, додавајќи дека вчера не биле гаѓани цели во Киев.

Што може да се очекува од состанокот на НАТО: Денеска се одржува итен состанок на лидерите на НАТО, по експлозијата што се случи во полското село Пжеводов, на полско-украинската граница, во која загинаа две лица. Европски дипломати изјавиле дека НАТО во овој случај ќе постапи крајно претпазливо и оти е потребно време за целосно да се расветли овој инцидент.

Во членот 4 од НАТО се вели дека една од членките може да го активира доколку почувствува дека нејзиниот територијален интегритет, независност и безбедност се загрозени од друга земја или терористичка организација.

Симптоматична изјава на украинска пратеничка: Украинската пратеничка Кира Рудик, во интервју за Скај Њуз, утринава го коментираше инцидентот. Таа рече дека без оглед на потеклото на ракетата, на крајот на краиштата за тоа е виновна руската агресија.

– Дури и ако станува збор украинска ракета која требала да пресретне руски ракети, сепак тоа е резултат на обидот да ги заштитиме нашите животи. Повторувам, најдобриот одговор би бил да ѝ се дадат на Украина борбени авиони, како и напредни системи за противвоздушна одбрана. Во тој случај, и ако беше грешка, не би можела се повтори. Затоа што она што сега се случува Украина е борба за опстанок – изјави Рудик.

После изјавите на Бајден, експертите очекуваат деескалација на кризата во врска со наводниот и веројатно лажен руски ракетен напад врз Полска.

Поврзани содржини