ИЗГЛЕДА ЏАБЕ ПАНИЧИМЕ, МИНИСТЕРОТ Д-Р САЛИ РАЗУБЕДУВА Пандемијата стивнува!

Секој ден имаме ублажување, односно  намалување на бројот на новоинфицирани и на број на хоспитализирани пациенти, тврди министерот за здравство, но повикува на масовна вакцинација.

6,101

Додека Македонија е во паника од новиот силен бран на пандемијата, кога секојдневно се заразуваат по околу 2.000 луѓе, новиот министер за здравство Беким Сали е оптимист. Тој вели дека пандемијата кај нас стивнува и дека бројките се во опаѓање.

– Според податоците што ги добиваме на дневна база, пандемијата кај нас, зборувам за нашата држава, дава знаци на стивнување. Секој ден имаме ублажување, односно  намалување на бројот на новоинфицирани и на број на хоспитализирани пациенти. Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство имаат искуство со пандемии и епидемии. Ја следиме епидемиолошката состојба I кај децата. Според нашите сознанија, нема да има потреба од онлајн учење во моментов, во овој период. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата – изјави Сали и додадека дека министерството ќе преземеме дополнителни превентивни мерки во училиштата.






Министерот Сали  денеска го посети ковид-центарот на Кожната клиника. Тој упати апел дека вакцинацијата е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштитата на здравјето на населението.

– Вакцинирајте се! Токму со тоа и со следење на сите мерки на претпазливост, не само што ќе го намалите ширењето на вирусот, туку и ќе го намалите притисокот кон нашите здравствени работници кои неуморно работат за да не чуваат безбедни. Само обединети ќе го надминеме заедничкиот непријател, пандемијата. Вистината е едноставна: никој не е безбеден, додека не се безбедни сите. Помогнете, поддржете ја вакцинацијата, да го вратиме нашиот живот таков каков што сакаме да биде – повика д-р Сали.

 

Поврзани содржини