ИЗГАСНАТ СТРАШНИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ Тројца завршија во болница, херојска интервенција на сите пожарникари
Тројца повредени од чад во пожар во Кочани. Сите пожарникари биле мобилизирани, се чека увид за причините.
Пожар избувна денес попладне пред 14 часот во куќа на улицата Браќа Ставреви во Кочани, при што тројца лица се хоспитализирани поради вдишување на чад. Според информациите повредените се надвор од животна опасност.
Во гаснењето на огнот учествуваа сите расположиви екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, со поддршка и од Доброволното противпожарно друштво. Пожарот е успешно изгаснат по неколкучасовна интервенција.
Истрагата за причините на пожарот сè уште не е започната, а надлежните институции најавија дека наскоро ќе извршат увид на местото на настанот.
📽️ ОГРОМЕН ПОЖАР ЗАФАТИ КУЌА Пожарникари со две возила спречија катастрофа во Кочани