ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО УСЈЕ Можно е да го предизвикал дефект на електрична инсталација
Како што претходно информираше командирот на Територијалната противпожарна единица, Ѕвонко Томески, во гаснењето на пожарот учествувале девет пожарникари со две возила.
Изгаснат е пожарот во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Како што претходно информираше командирот на Територијалната противпожарна единица, Ѕвонко Томески, во гаснењето на пожарот учествувале девет пожарникари со две возила.
Од Цементарница Усје АД Скопје потврдија дека денеска околу 11:30 часот, се случил пожар, кој најверојатно е предизвикан од дефект на електричната инсталација, по што веднаш била известена противпожарната служба.
„Вработените во Усје реагираа веднаш по настанувањето на пожарот, со што беше спречено негово понатамошно ширење. По пристигнувањето на противпожарната служба и нивната брза интервенција, заедно со вработените од компанијата, пожарот целосно беше ставен под контрола и изгаснат, а нема повредени лица и штети од поголем вид. Усје ги информираше сите надлежни институции за случајот. Увидот ќе продолжи за финално да се утврдат причините“, се наведува во соопштението од компанијата.