📷 📽️ ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО ДЕПОТО НА ЖЕЛЕЗНИЦИ Интервенирале 10 противпожарни возила и 30 пожарникари

На терен се присутни и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.

734

Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат, се работи на расчистување на теренот, вели командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески.

Тој истакна дека е интервенирано со 10 противпожарни возила и 30 пожарникари.






Како што претходно информираше Плусинфо од лице место првата пријава за пожар во депотот пристигнала во 1 часот по полноќ, а интервенцијата траела до 3:30 часот.

„Од 01.20 часот на ул. Трета Македонска Бригада (Опш.Аеродром) со 20 пожарникари и 8 ПП возила интервенирале на стари и неисправни Вагони од Железници на РСМ Транспорт АД – Скопје“, соопштија од Пожарната служба.

Утрово нешто пред 9 часот пожарот повторно се разгорел, при што биле повикана противпожарната единица за да интернвенира.

„Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал“, велат од МВР.

Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.

Штетата дополнително ќе се утврдува, а надлежните потврдија дека нема повредени лица при оваа интервенција.

Поврзани содржини