ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО АДВОКАТСКАТА УЛИЦА Изгоре напуштена куќа

Во 21.18 часот е примена дојава за запалена куќа на адвокатска улица зад ресторанот „Стара куќа“. По самата дојава пристигнато е со три возила и уште едно дополнително возило за дотур на вода. Пожарот е локализиран за краток период, куќата е напуштена и во неа не живеел никој, изјави вечерва командирот на ТТПЕ Владимир Симоновски.

369

Пожарот што вечерва избувна во напуштена куќа на адвокатската улица зад ресторанот „Стара куќа“ е изгаснат. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со три противпожарни возила и со уште едно возило за дотур на вода.

– Во 21.18 часот е примена дојава за запалена куќа на Адвокатска улица зад ресторанот „Стара куќа“. По самата дојава пристигнато е со три возила и уште едно дополнително возило за дотур на вода. Пожарот е локализиран за краток период, куќата е напуштена и во неа не живеел никој – изјави вечерва командирот на ТТПЕ Владимир Симоновски.

Поврзани содржини