ИЗГАСНАТ Е ПОЖАРОТ ВО „САМОКОВ“ Фабриката не била во опасност, тврди ЦУК

98

Пожарот што денеска избувна во фабриката за оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, е брзо локализиран и целосно изгаснат.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во ниту еден момент немало опасност од ширење на огнот кон останатите објекти на фабриката.






„На терен интервенираа противпожарните екипи од Македонски Брод, кои со брза реакција спречија поголема материјална штета. Пожарот е ставен под контрола, а електричната енергија во фабриката беше исклучена како мерка на претпазливост“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини