📽️ ИЗГАСЕН ПОЖАРОТ КАЈ ПУСТА РЕКА Два хеликоптера на МВР се вклучија во битката со огнот
По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат - соопштија од полицијата.
Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици, денеска го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, информираат од МВР.
– По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат – соопштија од полицијата.