ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ Следува стабилно и топло време

Во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло, соопшти УХМР.

1,756

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец, информираше УХМР.

„Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло“, соопшти УХМР.

Поврзани содржини