ИЗДРЖЕТЕ ДО НЕДЕЛА Остана уште да се исцрта делницата на Гологанов до кружниот тек
Времениот режим ќе трае во периодот од 07 до 19 часот, а се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација која се нанесува по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот.
Во недела (19.03.2023) сообраќајот на булeварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка црква, ќе се одвива според привремен режим, соопшти ЈП „Улици и патишта“.
Времениот режим ќе трае во периодот од 07 до 19 часот, а се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација која се нанесува по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот.
Од „Улици и патишта“ апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.