Голем пожар синоќа го зафати и делумно го уништи Понте ди феро, индустрискиот, таканаречен железен мост изграден во 1863 година што ги поврзува двете населби во Рим – Остинезе и Трастевере.
Пожарот избувнал синоќа пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу еден часот утрово, јавува агенцијата Анса.
Зоната на железниот мост е центарот на ноќните собири во Рим.Според првичните информации, нема жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот, по што е создадено „стампедо” од луѓе кои биле во околните ресторани и барови.
Пожарот изгоре дел од мостот кој се урна во реката Тевера, а останува да се утврди дали основната конструкција е оштетена или мостот ќе мора да се урне поради оштетување. Индустрискиот мост е
Како што јавуваат италјанските медиуми, пожарот загрозил и дел од гасните инсталации, а како мерка на претпазливост е исклучено снабдувањето со гас, електричната енергија и водата.