Избувнал пожар во паркиран „мерцедес“ во Скопје

Возилото било сопственост на 42-годишниот А.Т. од Скопје, а пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, соопшти полицијата.

469

Вчера околу 20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата Панче Неделковски во Скопје настанал пожар во паркирано возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, наведено е во полицискиот билтен.

„Возилото било сопственост на 42-годишниот А.Т. од Скопје, а пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во билтенот на МВР.

Поврзани содржини