ИЗБУВНА ПОЖАР КАЈ ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО Две противпожарни возила го каснат огнот
Кај селото Ѓопчели во близина на Дојранското Езеро, гори сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума.
Доцна попладнево избувнал пожар на отворено кај селото Ѓопчели, во непосредна близина на Дојранското Езеро. Според првичните информации, гори сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума.
По дојавата за пожарот, на терен веднаш излегле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, со едно противпожарно возило и два пожарникара, а и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран, со едно возило и три пожарникари, велат од Центарот за управување со кризи.
Командирот на пожарникарите од Гевгелија бил упатен на место на пожарот и ако има потреба да се ангажираат дополнителни сили за гаснење пожар ќе извести согласно ситуацијата на терен, велат од ЦУК.