📷 ИЗБРИШАНИ ЈУТЈУБ-КАНАЛИТЕ НА БАКА ПРАСЕ Заработуваше над 100.000 евра месечно од прегледи

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се огласи откако му беа избришани сите канали на Јутјуб.

8,299

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се огласи откако му беа избришани сите канали на Јутјуб, пишува српски „Блиц“.

Бака Прасе на својот Инстаграм соопшти дека неговите профили на Јутјуб се избришани и нагласи дека не ја знае причината за исклучувањето.






„Штотуку ми ги избришаа сите канали на Јутјуб. Не знам кој, не знам зошто. Ќе ве известам ако дознаам нешто“, напиша тој.

Инаку, Бака Прасе со снимања и емитувања во живо преку Јутјуб заработувал повеќе од 100.000 евра месечно.

Тие понекогаш биле и од хуманитарен карактер, па собраните пари ги давал во добротворни цели.

 

Поврзани содржини