ИЗБРАНО НОВОТО РАКОВОДСТВО НА НОВИОТ СДСМ Еве кој ќе ги замени оние кои дадоа оставки
Пратеничката Даниела Колева, шефот на кабинетот на Венко Филипче во здравство Дритон Исмаили, поранешниот генерален секретар на партијата Андреј Петров, Мишко Ралев, Никола Рилак се дел од новите имиња на Извршниот одбор на СДСМ.
Перо Костадинов, Стефан Богоев, Фатмир Битиќи и Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе бидат новите четири потпретседатели на новата СДСМ која ќе биде ориентирана кон економијата, заштитата на здравјето и финансиската поддршка, изјави на прес-конференција новиот претседател Димитар Ковачевски по долгото заседавање на Централниот Одбор на партијата. Сања Лукаревска останува заменик-претседател на партијата.
Идниот мандатар на новата влада, Ковачевски, вели дека СДСМ испишува ново поглавје во својата историја, а оптимист е и за формирање на новата влада, која според него ќе се формира најдоцна до 18 јануари.
– Ќе ја реформира и реорганизираме партијата – најави Ковачевски и рече дека ќе се формира совет како советодавно тело да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи Игор Ивановски.
За нов генерален секретар на партијата на местото на Љупчо Николовски беше избран Миле Зечевиќ. Нов организациски секретар на СДСМ ќе биде Вангел Андрески, а секретар за меѓународна политика, Бојан Маричиќ.
Пратеничката Даниела Колева, шефот на кабинетот на Венко Филипче во здравство Дритон Исмаили, поранешниот генерален секретар на партијата Андреј Петров, Мишко Ралев, Никола Рилак се дел од новите имиња на Извршниот одбор на СДСМ.
Освен нив, од актуелните членови остануваат Ана Данева Маркова, Петре Шилегов, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Дарко Каевски, Нина Фити. Во тоа тело, ќе ги нема Мухамед Зеќири, Благој Бочварски, Васко Ковачевски, Тања Томиќ.
17-те члена на Извршниот Одбор се:
Ана Данева Марковска
Нина Фити
Милена Стевановиќ, директор на Инфективна клиника
Ивона Кузмановиќ,
Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
Рената Јајоска
Мишко Ралев, декан и архитект
Снежана Захариева, директор на кумановска болница
Мелиса Цановска
Петре Шилегов
Тања Томиќ
Дарко Каевски
Костадин Ацевски
Даниела Колева
Андреј Петров
Никола Ралиќ
Дритан Исмаили
Ковачевски изрази благодарност за досегашната работа на сите кои биле дел од работата на партијата и рече дека се надева дека тие ќе бидат дел и од работата во иднина.
– Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова Влада. Очекувам новата Влада да биде составена кон средината на новиот месец, а пред нас ги имаме енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, преговорите со Бугарија. Сметам дека можеме сите овие предизвици да ги надминеме до 2024 година до кога е и мандатот на Владата. СДСМ почнува нов дел од историјата и верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата – рече Ковачевски.