ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА Ескен и Клингбејл ќе ја водат партијата

Сојузниот извршен комитет, исто така, го предложи поранешниот лидер на младинското крило на партијата и заменик-претседател на СПД, Кевин Кухнерт, за нов генерален секретар.

539

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги повика членовите на неговата Социјалдемократска партија (СПД) да ја поддржат новата владејачка коалиција, бидејќи, како што нагласи, ветувањата дадени за време на изборната кампања сега мора да се преточат во конкретна акција.

Говорејќи на виртуелниот Конгрес на СПД, на кој беше избрано и новото раководство на партијата, Шолц истакна дека задачата на новата влада е да ги ублажи стравувањата на Германците од глобализација, климатски промени и дигитализација.






– Сметам на вас да ја поддржите оваа работа – изјави Шолц, кој во средата ја наследи Ангела Меркел на функцијата германски канцелар.

Шолц ја презеде власта по 16-годишното конзервативно управување на Меркел, откако беше формирана трипартиска коалиција меѓу социјалдемократите, Зелените и Партијата на слободните демократи (ФДП), кои ветија дека ќе ги поттикнат зелените инвестиции и ќе ја зајакнат европската интеграција.

На конгресот на СПД денеска беше именувано ново партиско раководство. Во наредниот период партијата заеднички ќе ја предводат актуелниот лидер Саскија Ескен и генералниот секретар Ларс Клингбејл.

Сојузниот извршен комитет, исто така, го предложи поранешниот лидер на младинското крило на партијата и заменик-претседател на СПД, Кевин Кухнерт, за нов генерален секретар.

Претседателот на партијата во покраината Северна Рајна-Вестфалија, Томас Кутшати, го презема испразнетото заменичко место од Кухнерт.

Поврзани содржини