ИЗБРАНИ НАЈУБАВО УКРАСЕНИТЕ ТЕРАСА И ДВОР ВО СКОПЈЕ Средношколката Христина Наумов освои награда за најубав новогодишен расказ

4

Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ избрани се најубаво украсена тераса, најубаво украсен двор во Скопје и ученички расказ, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана Адријана Јовановиќ, ул. Темко Попов бр. 33а, населба Маџари. Дворот зрачи со топлина, светлина и вистинска празнична магија, а таа е наградена со 20.000 денари.






За најубаво новогодишно украсена тераса од стан е избрана Теа Ивановска, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-2/7, населба Козле. Тоа е пример како и мал простор може да стане голема празнична приказна, а таа е наградена со 20.000 денари.

Во категоријата најубав расказ на тема „Новогодишни желби и празнувања“, наградата ја освои Христина Наумов I1, ученичка во СУГС „Ѓорѓи Димитров“, која со искрен и инспиративен текст ја пренесе празничната надеж и детската радост. Христина е наградена со 5.000 денари.

Поврзани содржини