ИЗБРАН НОВ НАДЗОРЕН ОДБОР НА ЕСМ Во него и двајца професори од Машинскиот факултет

Како што е соопштено, изборот е извршен со одлука на владата и во содејство со собранието на акционери на ЕСМ.

5,931

ЕСМ преку Македонска берза информира дека е избран нов  Надзорен одбор.

За членови се избрани – Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и професорот од Машинскиот факултет Стевче Антовски.






Независни членови на одборот се  Александар Мурговски и професорката од Машинскиот факутет  Маја Аначкова.

Како што е соопштено, изборот е извршен со одлука на владата и во содејство со собранието на акционери на ЕСМ.

Со истата одлука се разрешуваат досегашните членови на ова тело на ЕСМ – Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска Наковска и Арбен Несим.

Поврзани содржини