ИЗБРАН НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ ЗА ИСКОП НА ЈАГЛЕН ВО РЕК БИТОЛА Познати се деталите од јавниот повик
Како што информираат за МИА од АД ЕСМ, понудената цена за ископан јаглен изнесува 49,85 денари за гигаџул, а за ископан кубен метар јаловина 214 денари. Вкупната финансиска рамка изнесува 1,44 милијарди денари за период од 12 месеци.
Фирмата за градежништво, производство, трговија и услуги „Топлина“ од охридското село Подмоље е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола.
Како што информираат за МИА од АД ЕСМ, понудената цена за ископан јаглен изнесува 49,85 денари за гигаџул, а за ископан кубен метар јаловина 214 денари. Вкупната финансиска рамка изнесува 1,44 милијарди денари за период од 12 месеци.
„Избраниот економски оператор би се ангажирал по налог на Подружница РЕК Битола, согласно потребите на рударско– енергетскиот комбинат. Во период кога изведувачот нема да биде ангажиран, АД ЕСМ нема да има финансиски импликации. Станува збор за ангажман за период од една година или до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка, во зависност од тоа кој услов ќе биде прв исполнет“, велат од АД ЕСМ.
„Топлина“, додаваат, пријавила четири оператори како подизведувачи „ГД Гранит“ Скопје, „Градба Промет“ Кавадарци, „Илинден“ Струга и „Топ Билд“ од Скопје. Во својство на техничка поддршка се пријавени фирмите „Форса АС“ од Скопје и „Машинокоп“ од Кавадарци.