ИЗБОРОТ НА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА ВО МАЛМЕ ПОД ТЕРОРИСТИЧКА ЗАКАНА Исламските терористи испровоцирани од учеството на Израел
Тајните новинари на еден израелски информативен канал рекоа дека стражарите во најголемата џамија во Малме, градот во кој се одржува годинешниот избор за песна на Евровизија, им кажале дека терористите планирале да ја нападнат арената каде што ќе се одржи музичкиот настан и ги предупредиле да не присуствуваат на настанот.
Исламските екстремисти наводно планираат напад за време на одржувањето на изборот на песна за Евровизија идната недела во Шведска, поради учеството на Израел следната недела, објавија британски медиуми повикувајќи се на информации од израелските безбедносни служби.
Според „Дејли мејл“, исламските екстремисти планираат следната недела да го бомбардираат местото на Евровизија во Малме во знак на протест поради учеството на Израел.
Тајните новинари на еден израелски информативен канал рекоа дека стражарите во најголемата џамија во Малме – градот во кој се одржува настанот – им кажале дека терористите планирале да ја нападнат арената каде што ќе се одржи музичкиот настан.
Претставувајќи се како муслимански британски туристи, новинарите тврдат дека биле предупредени од обезбедувањето да не присуствуваат на настанот.
Израелскиот ТВ канал Кешет 12 снимениот разговор го пријавил на организаторите на настанот, како и на шведската полиција, која сега го истражува случајот.
Пропалестинските активисти ја повикаа Евровизија да му забрани на Израел да учествува на натпреварот поради војната во Газа, за која Хамас вели дека има повеќе од 32.000 мртви, од кои повеќето жени и деца.
Еден Голан, руско-израелски пејач, ќе го претставува Израел на Евровизија.