ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА НЕМА ДА ОДИ БРЗО, ЌЕ СЕ ДЕБАТИРА ДО НЕДЕЛА НА ПОЛНОЌ Опозицијата ветува долга расправа во Собранието
Од ВМРО-ДПМНЕ за Плусинфо потврдија дека максимално ќе го искористат времето предвидено за обраќање од собраниската говорница со крајна цел да ја уверат македонската јавност, како што истакнаа, за формирањето на уште една неспособна влада на СДСМ.
Собранискиот спикер Талат Џафери за утре, со почеток во 11 часот ја закажа седницата со единствена точка на дневниот ред – избор на нова влада.
Пред членовите на Собранието, мандатарот Димитар Ковачевски ќе ја презентира програмата на новата влада, а ќе ги предложи и членовите на владиниот кабинет, за потоа да започне дебатата на пратениците.
Од ВМРО-ДПМНЕ за Плусинфо потврдија дека максимално ќе го искористат времето предвидено за обраќање од собраниската говорница со крајна цел да ја уверат македонската јавност, како што истакнаа од опозициската партија, за формирањето на уште една неспособна влада на СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ максимално ќе ги искористи своите институционални можности и ќе учествува во 48-часовната расправа за макеdонската јавност да се увери дека ова е уште една резервна и како и претходната, неспособна влада на СДСМ – ни соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.
Согласно најавата од најголемата опозициска партија во Собранието, може да се предвиди дека новиот премиер првите честитки ќе ги добие во понеделник наутро.