ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ПРЕД ИЗБОРИ Првпат ќе се гласа со отисок од прст

СДСМ, следната недела најдоцна до 25 август, ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори.

223

Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври, иако партиите подолго време разговараа за нив. Ова денеска го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, повикувајќи се на разговор со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Партиите ги усогласуваат ставовите, но не можат да ги усогласат сите ставови, пред се, како што кажа Заев, заради реакциите што ги има од страна на Левица, дел од владејачките и дел од опозициските партии.






– Претседателот на Собранието ме информира дека со последните измени со отисок од прст и со измените на ОБСЕ/ОДИХР законот ќе остане таков каков што е за да нема замерки дека во „пет до 12„ нешто се прави, а притоа тоа би било само блокада на законското решение. Законското решение ги потврдува поволностите на независните листи, значи прагот останува ист, ги дава сите досегашните можности на конституирање на кандидатските листи за советници и градоначалници, ја зголеми транспаретноста и одговорноста заради вградените препораки од ОБСЕ/ОДИХР,  првпат ќе се гласа со отисок од прст во државата што е гаранција за фер и демократски избори и верувам дека таков исчекор ќе продолжиме и натаму да правиме – рече Заев, кој беше во Кривогаштани.

Оние други измени кои останаа, како што кажа, а се по препорака на ОБСЕ, на опозициските партии и на дел од медиумите ќе останат да бидат вградени во Изборниот законик по изборите.

СДСМ, следната недела најдоцна до 25 август, ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори.

-СДСМ и коалицијата на централно ниво троши доста време за да ги најде најдобрите кандидати, второ, рамномерната застапеност на советничките листи исто така за да можеме конечно да оставиме доволно време за поднесување на советничките листи согласно Роковникот на ДИК – рече Заев.

Во однос на поддршката на кандидати на ДУИ и другите партии на Албанците на изборите, тој кажа дека со ДУИ имаат финален договор дека ќе се поддржуваат во првиот или во вториот круг, во зависност од кандидатите.

 

Поврзани содржини