ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА И ПОЛ Вучиќ посочи дека не добил никакво барање од блокадерите

Само нека притискаат, а законот и институциите на системот ќе си ја завршат работата. Не сум добил никакво барање од која било надлежна институција, ниту од никого. Се чини дека некој не е надлежен, но треба да биде надлежен за нешто. И не контактирале со надлежната институција , рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

138

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска во Тирана дека изборите во Србија ќе се одржат во следната година и пол кога надлежните институции ќе донесат одлука за тоа, пренесоа белградските медиуми.

Тој додаде дека не добил никакво писмено или усно барање од блокадерите.






Вучиќ, при неговото пристигнување на Самитот на Европската политичка унија во Тирана, на новинарско прашање за тоа како го коментира фактот дека студентите во блокада велат дека рокот за распишување на изборите што му го испратиле е истечен и дека ќе ги радикализираат протестите од 6 јуни, рече дека можат да прават што сакаат и предупреди дека институциите ќе си ја работат работата согласно законот.

– Само нека притискаат, а законот и институциите на системот ќе си ја завршат работата. Не сум добил никакво барање од која било надлежна институција, ниту од никого. Се чини дека некој не е надлежен, но треба да биде надлежен за нешто. И не контактирале со надлежната институција – рече Вучиќ.

Вучиќ нагласи дека верува оти до крајот на годината може многу да се направи за Србија да напредува понатаму на својот европски пат. На прашањето дали Европа конечно ќе биде доследна во однос на проширувањето на Западен Балкан, Вучиќ рече дека му се чини дека постои желба.

📽️ ЖЕСТОК СУДИР ПРЕД СУДОТ ВО НОВИ САД Полицијата повторно ги нападна демонстрантите

Поврзани содржини