ИЗБОРИТЕ ПОМИНАА ВО МИРНА И ДЕМОКРАТСКА АТМОСФЕРА Министерот Тошковски информираше за активностите на МВР

На нивно на цела држава 12 граѓани ги фотографирале своите гласачки ливчиња, два случаи на кинење на гласачко ливче, 6 пријави за нудење на поткуп и 15 пријави за агитирање. Тимот за антитероризам ја подигна испуканата димна бомба – рече Тошковски.

30

Во Министерството за внатрешни работи се одржа прес-конференција на која свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев.

– Најпрво со задоволство сакам да констатирам дека денешниот изборен ден помина во демократска и безбедна атмосфера, онака како што доликува на една демократска европска земја – истакна министерот Тошковски.






Тој изрази благодарност до полициските службеници кои со својата професионалност придонеле за безбедноста на изборните места и професионално постапиле при нарушување на регуларноста на изборниот процес.

– На нивно на цела држава 12 граѓани ги фотографирале своите гласачки ливчиња, два случаи на кинење на гласачко ливче, 6 пријави за нудење на поткуп и 15 пријави за агитирање. Тимот за антитероризам ја подигна испуканата димна бомба – рече Тошковски.

Тошковски им честита на граѓаните кои ја исполнија граѓанската должност и уште еднаш изрази благодарност до сите чинители кои придонеле за мирни, успешни и безбедни избори на кои граѓаните кои граѓаните имале можност да гласаат.

Дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев исто така се заблагодари на граѓаните за фер и демократските избори, како и на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски за добро извршената оперативна работа во штабот на МВР за сите случувања поврзани со изборите.

Поврзани содржини