На Комисијата за заразни болести не се разговара за изборите и за изборниот процес, одговори и денеска министерот за здравство, Венко Филипче, а во врска со тоа дали се разгледува можноста за избори на кои инсистираат политичките фактори во државата.
– До денеска, на состаноците на Комисијата не станало збор на оваа тема.Приоритет е заштитата на здравјето и така и се димензионираат мерките – исклучиво согласно бројот на новодијагностицирани, нивната поврзаност, кластерите. Било каква мерка и препорака ќе биде донесена исклучиво врз основа на информациите за новодијагностицирани пациенти – категоричен е министерот.