Изборите на 10, 11 и 12 јули?
Како што тврдат нашите соговорници, најновата идеја за постигнување компромисен датум за одржување избори предвидува тридневно гласање.
Во оптек е идејата предвремените парламентарни избори да се одржат на 10, 11 и на 12 јули, дознава Плусинфо од партиски извори.
Како што тврдат нашите соговорници, најновата идеја за постигнување компромисен датум за одржување избори предвидува тридневно гласање. Првиот ден (петок) ќе гласаат заразените со ковид-19 и сите оние кои се ставени во самоизолација. Вториот ден (сабота) е резервиран за затворениците и за болните од други болести. И третиот ден, недела, ќе гласаат сите останати граѓани со право на глас.
Плусинфо и претходно пишуваше дека политичките партии во земјава наголемо ја разработуваат варијантата за одржување тридневни избори.