ИЗБОРИТЕ ГИ ЗАБАВИЈА СУБВЕНЦИИТЕ Општина Аеродром ќе ги исплати по конечното завршување на изборите

Од општината информираат дека по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8.000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3.500 денари за првачиња.

264

Граѓаните кои аплицираа за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња парите ќе ги добијат веднаш по конечното завршување на локалните избори, соопшти Општина Аеродром.

„Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход. Исто така, по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8.000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3.500 денари за првачиња“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини