ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ВО МАЈ 2024 ЗАЕДНО СО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ За Османи, тоа е конечно

Така што тоа (изборите) треба да го тргнеме од маса и како можност за разговори, рече Османи во „Само вистина“, додавајќи дека сега фокусот треба да се стави на тоа како да се менаџира кризата.

420

Избори ќе има во мај 2024 година заедно со претседателските и тоа е конечно, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Османи нагласи дека нема да има избори во наредниот период заради тоа што, како што рече, процениле оти тоа не е во интерес на граѓаните и државата.






– Така што тоа треба да го тргнеме од маса и како можност за разговори – рече Османи, додавајќи дека сега фокусот треба да се стави на тоа како да се менаџира кризата.

Земјата, вели Османи, се наоѓа во економска криза и затоа, според него, треба да изнајде начин со опозицијата да има базичен договор за справување со кризата.

– Проблемот во овој пристап е што политичките кариери се најважни во утврдување на политичките чекори на партиите – рече Османи.

Поврзани содржини