Изборен спот кој стана хит во Хрватска: Ајде, Јакославе што ти треба таков циркус на тие години ВИДЕО

3,909

Kандидатот на хрватската партијата Мост, чиј слоган на изборите е ,„Хрватска се буди“ Јакослав Ројница излезе во јавност со изборен спот кој предизвика многу реакции на социјалните мрежи во Хрватска.

Промотивниот спот почнува со кадар каде хрватскиот политичар стои на карпа над море, облечен во црн костум и бели чевли. Драматична музика свири во позадина, камерата истовремено кружи и се приближува до човекот на карпата. Потоа тој скока во морето, а по излегувањето ја кажува предизборната порака „Со нас ќе испливате од проблемите“.






Поврзани содржини