Изборен скандал во Црна Гора: Претставничка на ДПС криела ливчиња под нозе и под задникот
Членот на комисијата Никола Терзиќ (УРА) во тој момент станал од своето место и гласно кажал пред присутните виделе како Милена Орландиќ (ДПС), една од овластените претставнички, како при броење на кочаните со гласачки листови свесно отстранувала некои од нив.
Моментално полицијата се наоѓа во просториите на Општинската изборна комисија во Подгорица, која по увидот зема изјави од нејзините членови, потврдено е за црногорски „Вијести“.
Во службената забелешка за работата на изборната комисија на Подгорица пишува дека на 2 септември во службените простории на Советот на главниот град при контрола на изборниот материјал на избирачкото место 63 од страна на овластен претставник на Демократската партија на социјалистите се отстранети кочани со гласачки ливчиња.
Членот на комисијата Никола Терзиќ (УРА) во тој момент станал од своето место и гласно кажал пред присутните виделе како Милена Орландиќ (ДПС), една од овластените претставнички, како при броење на кочаните со гласачки листови свесно отстранувала некои од нив.
Терзиќ се доближил кон Орландиќ и пред сите присутни извадил еден кочан од под нејзините нозе, а потоа било пронајден и друг кочан под столицата на која седела таа.
ОИК потоа веднаш ја прекинала постапката на контрола на овластените претставници на ДПС.
Потоа на инсистирање на членови на комисијата за претседателот на Комисијата да поднесе кривична пријава, тој ги упатил членовите тие да го направат тоа. Потоа комисијата едногласно донела одлука на сите претставници да им се укине понатамошен увид во контролата на изборниот материјал.
Кандидатот за пратеник на „Црно на бело“ Милош Конатар апелираше денеска ДПС да ги почитува законите и да не пробува со кривични дела да ја промени изборната волја на граѓаните. Тој рекол дека нема цена која не се подготвени да ја платат за да ги одбранат изборните ставови на граѓаните на Црна Гора.
– ДПС имаше мотив при прегледот да отстрани кочани со гласачки ливчиња. Со тоа се создаваат услови да се поништи гласањето на тие места – рекол Конатар.
– Немојте на овој начин да се обидувате на останете на власт, да се одржите со кршење на законот. Ги повикувам претставниците на ДПС во овој момент да го сочуваат мирот и да бидат достоинствени за да овозможат мирна транзиција на власта – рекол Конатар.