ИЗБОДЕН Е ЗАТВОРЕНИК ВО ИДРИЗОВО Стружанецот се бори за живот

234

Осуденик од Струга бил избоден со остар предмет ноќеска во казнено-поправната установа Затвор Идризово.

„Во СВР Скопје, 20 минути по полноќ од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23:40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга“, соопшти МВР.






Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Според одредени медиуми, повредениот се бори за живот.

Поврзани содржини