ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ ДОБИЈА УШТЕ ЕДНА ТУРА ОБУКИ Гласањето утре ќе оди како подмачкано

Во првиот круг од изборите, проблеми со уредите за биометриска идентификација имаше во голем дел од гласачките места, па граѓаните гласаа со оставање отпечаток од прст на хартиениот избирачки список.

324

Државната изборна комисија (ДИК) очекува на утрешното гласање за вториот круг од локалните избори да се надминат проблемите со уредите за биометриска идентификација на гласачите.

На денешната прес-конференција, портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, рече дека биле спроведени дополнителни обуки за избирачките одбори на кои уште еднаш им било објаснето ракувањето со уредите за гласање со отпечаток на прст.






– Она што беше утврдено како потешкотија во однос на ракувањето со уредите за биометриска идентификација на гласачите, ние како ДИК го тангиравме на неколку начини. Имаше уште една тура на обуки за претседателите и заменик-претседателите на избирачките одбори за уште еднаш да им бидат појаснети процедурите, така што очекуваме во голем дел проблемите кои се појавија во првиот круг да бидат надминати. Преку изборните комисии имаат добиено и доополнителни насоки за постапување кои треба да им ја олеснат работата. Освен тоа, на располагање имаме над 400 лица за техничка поддршка на избирачките одбори – рече Гугучевска.

Во првиот круг од изборите, проблеми со уредите за биометриска идентификација имаше во голем дел од гласачките места, па граѓаните гласаа со оставање отпечаток од прст на хартиениот избирачки список.

 

Поврзани содржини