ИЗБИ ПОЖАР ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Огнот се шири и покрај напорите на пожарникарите да го локализираат

Бидејќи веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта за да се обезбеди село Бељаковце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село - информираат од ЦУК.

250

Нов пожар на отворено избувна денеска околу 15:30 часот во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот и дека засега е безбедно селото Руѓинце.






– И покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна поддршка. Бидејќи веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта за да се обезбеди село Бељаковце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село, велат од ЦУК.

 

Поврзани содржини