ИЗБИ ПОЖАР ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Се запалила стара електрична инсталација

Од Општината се надеваат за кратко време ќе продолжи вообичаената динамика на работниот процес во барака бр. 3.

201

Денес, околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода избил пожар поради дефект во застарената електрична инсталација.

Пожарот веднаш беше локализиран од вработените и за среќа, освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица“, соопштија од Општината.

На самото место пристигнала екипа од Противпожарната бригада и од Полициската станица во Кисела Вода, но немало потреба од дополнителна интервенција.

Општината ги известува граѓаните дека во моментов во барака 3, во која е сместен Секторот за урбанизам, е прекинато електричното напојување, но се работи на надминување на проблемот. Тие се надеваат дека за кратко време ќе продолжи вообичаената динамика на работниот процес.

Поврзани содржини