ИЗБЕГНАТА Е ТРАГЕДИЈА Австрискиот канцелар за откажаните концерти на Свифт во Виена
Австриската полиција уапси вчера две лица осомничени дека планирале напади на концерти. Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија - 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група ИД.
Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт. Бебзедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот. Полицијата соопшти дека специфичната закана од напад била намалена по апсењата, но додаде дека „не постои такво нешто како апсолутна безбедност“.
Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија.
„Благодарение на интензивната соработка на нашата полиција и новоформираната ДСН (Дирекција за државна безбедност и разузнавачки служби) со странски служби, заканата е рано откриена, сузбиена и спречена е трагедијата“, напиша тој.
Безбедносните сили во моментов работат со полна пареа на истрагата.
Die Absage der Taylor Swift Konzerte durch die Veranstalter ist für alle Fans in Österreich eine herbe Enttäuschung. Die Situation rund um den offenbar geplanten Terroranschlag in Wien war sehr ernst. Dank der intensiven Zusammenarbeit unserer Polizei und dem neu aufgebauten DSN…
— Karl Nehammer (@karlnehammer) August 7, 2024
„Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот“, објави организаторот.
Австриската полиција уапси вчера две лица осомничени дека планирале напади на концерти. Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија – 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група ИД.
Полицијата соопшти дека специфичната закана од напад била намалена по апсењата, но додаде дека „не постои такво нешто како апсолутна безбедност“.
Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота. Сите концерти беа распродадени, што значи дека на стадионот се очекуваа 65.000 фанови на Тејлор Свифт, плус најмалку 15.000 надвор од стадионот.