ИЗБЕГАЛ ОД ЗАТВОР, ПА СИ ЈА ИСТЕПАЛ СОПРУГАТА Полицијата уапси 48-годишен велешанец и го врати во „Идризово“
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Велес синоќа во 21:30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода велешанецот Х.Б.(48), кој бил баран од Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата, соопштија денеска од МВР.
„Имено, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43-годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал“, се појаснува во соопштението.