ИЗБЕГАЛ БЕЗ ДА Ѝ ПОМОГНЕ Тешко повредена жена во сообраќајка во Гостивар
Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
Полицијата трага по возач кој претпладнево удрил повозрасна жена на улица во Гостивар и тешко ја повредил.
Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 10 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска” во Гостивар, патничко моторно возило, кое веднаш го напуштило местото, удрило во 69-годишната гостиварка Л.А. Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото-учесник во сообраќајната несреќа.