ИВЗ ги отвора џамиите на 12 мај

На вонредниот состанок беше донесена одлука џамиите да бидат отворени на 12 мај и таа одлука стапува на сила веднаш на денот на објавувањето“, наведено е во соопштението на ИВЗ.

434

Исламската верска заедница (ИВЗ) на вчерашниот вонреден состанок донела одлука да ги отвори џамиите на 12 мај.

„Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, со цел да го заштити здравјето на граѓаните, Исламската верска заедница одлучи да ги стопира колективните молитви во џамиите. Внимателно ја следиме состојбата во земјава која се подобрува, а бројот на заразени се намалува. На вонредниот состанок беше донесена одлука џамиите да бидат отворени на 12 мај и таа одлука стапува на сила веднаш на денот на објавувањето“, наведено е во соопштението на ИВЗ, пренесе „Gostivarpress“.

Поврзани содржини
na