ИВАНОВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕ ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТА СО ВРБЕНСКИ Македонскиот тенисер обезбеди пласман со триумфот над Колар
Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде сонародникот на Колар, Михаил Врбенски, кој е трет носител.
Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Опатија, откако попладнево го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (6-3, 7-6).
Откако поведе со 1-0 во сетови, Ивановски во вториот сет надомести негатива од два гема (1-3, 2-4), а во тајбрејкот при водство ан противникот од 4-2, нанижа пет поени во серија и обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери.
Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде сонародникот на Колар, Михаил Врбенски, кој е трет носител.
Фјучерсот во Опатија се игра за награден фонд од 15.000 долари.