Ивановски: Најголемата лага на СДСМ е дека ќе инвестира 300 милиони евра во државна градежна компанија!

Ивановски потенцира дека автопатот Кичево – Охрид започна да се гради во 2014 година, кога дојдоа СДСМ на власт прогресот на изградба беше над 47 отсто , а власта за овие години не успеа ни 10 отсто повеќе да доизгради, па сега е 57 отсто изграден тој автопат.

682

Претседателот на Комисијата за урбанизам инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Ивановски на вечерашната трибина во Кисела Вода, истакна дека СДСМ дојдоа на власт во големи лаги, како што е лажното ветување дека ќе се инвестираат 300 милиони евра во државна градежна компанија кое не се случи, а актуелните градоначалници од СДСМ во секоја општина сето зеленило го претворија во нова зграда.

-Од СДСМ дојдоа на власт со големи лаги, има една oгромна лага која не се појави во медиумите, а тоа е ветувањето дека како држава ќе инвестираме 300-тини милиони евра преку државна градежна компанија, тоа значи гигант на светско ниво со преку 2.000 механизација и останатаи околу 100-тина милиони евра за доопремување за бетонски бази и за страшен тим на инжењери, тоа ќе значеше да учествуваме на тендери за правење на аеродроми, хелиодроми, брани и слично низ цел свет – објасни Иваановски.






Тој вели дека веројатно од власта сфатиле дека повеќе им одговара соработката со некои компании и ова ветување за 300 милиони евра инвестиција во државна градежна компанија остана лажно ветување.

-Кога сме кај лажните ветувања не смееме да не ги споменеме ветувањата за изградба на 550 километри автопатишта, на 1.000 километри локални патишта, на над 500 километри магистрални патишта – вели Ивановски.

Тој потенцира дека автопатот Кичево – Охрид започна да се гради во 2014 година, кога дојдоа СДСМ на власт прогресот на изградба беше над 47 отсто , а власта за овие години не успеа ни 10 отсто повеќе да доизгради, па сега е 57 отсто изграден тој автопат.

– Првичниот рок за изградба на тој автопат беше 2018 година, власта си даде нов рок кој истече сега пред петнаесетина дена , па сега има нов рок до 2024 година, некој треба да врши надзор врз ова, а надзорот чини 508 милиони денари, а ако се завршеше навреме автопатот Кичево-Охрид немаше потреба да се плаќа над 8 милиони евра за надзор кои пари можеа да се искористат за други капитални проекти – критикуваше Ивановски.

Ивановски вели дека неработењето на оваа власт чини пари, од над 400 милиони евра дојдовме до над 500 милиони евра со анексирањето.

Поврзани содржини