ИВАНОВСКА И БЕЛЧЕВА ВО ОТВОРЕНА КАМПАЊА ПРОТИВ ГЕРАСИМОВСКИ Лабудовиќ ги очекува гласовите од Билјана Ивановска

Кандидатот на ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во интервју изјави дека ја очекува поддршката од гласачите на Ивановска, зашто смета дека со неа имале иста визија за Центар.

1,785

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар која испадна во првиот круг од изборите, заедно со Јана Белчева од Независни заедно, на социјалните мрежи изразуваат кампања против кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски.

Ивановска неодамна изјави дека нема да ги повикува граѓаните да гласаат за еден или за друг кандидат, бидејќи смета дека секој граѓанин е здраворазумен и има одговорност кому ќе го даде својот глас.






Кандидатот на ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во интервју изјави дека ја очекува поддршката од гласачите на Ивановска, зашто смета дека со неа имале иста визија за Центар.

– Со Билјана Ивановска практично имаме ист концепт и визија за Центар. Тоа го тврдам со целосна одговорност. Како показател ќе наведам дека на неколку предизборни дебати за најголемиот дел од прашањата и проблемите се надополнувавме со нашите ставови. Уште повеќе, по влегувањето во Општината, ќе бидат заедно советниците од сите партии и независни листи. Сите имаме заеднички делови од нашите програми, од што можеме да направиме еден сублимат, а тоа ќе бидат практично првите проекти што ќе се реализираат од новата општинска управа. Бидејќи, само сложна општина, надвор од партиските интереси и делби може да дојде до визијата која ја имам за Центар. А, таа не онаа што денес ја гледаме и тоа што ни се случува – рече Лабудовиќ.

Ивановска во првиот круг освои 4.465 гласа, а Лабудовиќ 5.707 гласа. Герасимовски во првиот круг освои 8.535 гласа.

Мирослав Лабудовиќ ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата во Центар.

Поврзани содржини