„Вие успеавте да допрете до секој Македонец и да ја направите успешна и радосна Македонија. Денес испишавте историја. Честитки до селекторот Ангеловски, честитки до капитенот Пандев и до целата фудбалска репрезентација на Македонија“, пишува Иванов на Фејсбук кој објави и фотографија од центарот на Скопје каде што заедно со неговиот син вечерва бил дел од славеничката атмосфера.