📷 ИВАНКА ТРАМП ПРИСТИГНА ВО ВЕНЕЦИЈА Ќерката на Трамп ќе биде гостинка на свадбата на Безос и Лорен Санчез

Иванка Трамп е многу блиска пријателка со Џеф Безос и Лорен Санчез, со кои оваа година беше на зимување во Аспен.

638

Се ближи свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, закажана за идната недела во Венеција, каде Иванка Трамп пристигна како една од многуте познати гости на идните младенци. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп пристигна со својот сопруг Џаред Кушнер, ќерката Арабела и синот Теодор. Славниот пар има и син, Џозеф.

Иванка Трамп е многу блиска пријателка со Џеф Безос и Лорен Санчез, со кои оваа година беше на зимување во Аспен.






Таа сигурно ќе привлече многу внимание со својот стајлинг на самата церемонија, а тоа го направи и вчера, појавувајќи се во елегантен сет со етнички детали, комбинација од здолниште со благ А крој и топ со пошироки прерамки. Таа прошета во рамни беж сандали, додека нејзината фризура беше сосема лежерна.

Иванка Трамп се качи со семејството во гондола, без која престојот во Венеција е незамислив.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Безос и Санчез ќе се потрудат да приредат шоу за гостите. Најавено е доаѓањето на Кети Пери и Орландо Блум, потоа Опра Винфри и Гејл Кинг, но и Леонардо Дикаприо и Виторија Черети. Ќе биде Холивуд во минијатура, но многу Италијанци воопшто не се воодушевени што основачот на „Амазон“ се жени во Венеција, па дури имаше и протести.

Свадбата ќе чини од 15 до 20 милиони долари, а Бијонсе и Андреа Бочели ќе добијат по 5 милиони долари за своите настапи, изјави Кунал Мадан, директор на DressPreservation.com.

За гостите се подготвени приватни авиони, јахти и хеликоптери, а трошоците за превоз се движат од 500.000 до 2 милиони долари.

Се шпекулира и каква венчаница ќе носи поранешната новинарка Лорен, а во најтесниот круг се моделите на „Долче и Габана“ и Оскар де ла Рента. .

Идните младенци организираа поголема забава во пресрет својата свадба, а се свршија во мај 2023 година. Врската трае од 2018 година и започна додека Безос беше во брак со Мекензи Скот, со која има четири деца. Лорен Санчез беше во брак со продуцент, а зад себе има уште еден брак и е мајка на три деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by COSAS Perú (@cosasperu)

Поврзани содржини