Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден се поубедливо се движи кон победа, а американскиот претседател Доналд Трамп сè потешко може да се справи со тој факт. Меѓу луѓето блиски до него, наводно се барал кандидат кој ќе му каже дека е готово, дека изгубил на изборите и дека веќе нема шанси да победи.
Според американскиот МСНБЦ, ќерката на Трамп, Иванка и неговиот зет Џеред Кушнер, наводно, треба да му го кажат тоа.
„Никој не сака да му ја каже вистината“, наведува МСНБЦ, повикувајќи се на извор близок до Трамп.
Тој не планира да го признае поразот дури и ако убедливо загуби, дури и ако Бајден победи во Пенсилванија, Невада или Џорџија, наведуваат американските медиуми.
Трамп вчера одржа прес-конференција во Белата куќа на која рече дека ќе победи ако се сметаат легалните гласови, а потоа уште еднаш ги нарече изборите голема измама и започна да ги напаѓа Демократите дека му ги крадат гласовите.
Тој нагласува дека нема да отстапи од тоа.