Ивана Трамп проговори за поранешниот сопруг: Тој е лош губитник!

1,424

Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана, која воедно е и мајка на Доналд помладиот, Иванка и Ерик, проговорила за резултатите од изборите во Америка. Ивана открила што мисли за тоа каква личност е Доналд и како се чувствуваат нејзините деца. Таа рекла дека смета дека Трамп е лош губитник и дека ќе продолжи да се бори за да остане на власт, но се надева дека ќе се повлече и дека сепак ќе го прифати поразот. Ивана додала дека сака сето тоа да заврши што е можно побрзо.

Ивана исто така тврди дека нејзините деца се добро, но едвај чека да ја напуштат Белата куќа.






– Мислам дека уживаа да бидат со Доналд и да учествуваат на изборите, но сега е готово. Не сум сигурна какви се нивните планови, но јас само сакам да продолжат со нивниот нормален живот. Не со животот во Вашингтон, туку во Њујорк или каде што сакаат, но да водат нормален живот – рекла Ивана Трамп, додавајќи дека смета дека ова може да биде крај на политичката кариера на Доналд.

– Мислам дека тој ќе оди на Палм Бич, ќе игра голф и ќе живее нормален живот. Тоа е најдоброто што може да го направи. Тој мрази да губи, сигурна сум во тоа. Но, ако изгубил – изгубил. Има доволно пари, доволно места на кои може да оди и да ужива во животот – изјавила неговата поранешна сопруга, која беше во брак со Доналд од 1977 до 1992 година.

 

Поврзани содржини