ИТНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ Властите бараат најбрза и трајна санација
Одлуката е донесена по заеднички увид на терен и стручни анализи, а се бара најбрзо решение за санација.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информира дека е донесена одлука за итно затворање на еден патен правец по извршен повторен увид на терен и стручни анализи.
Таа на Фејсбук соопшти дека одлуката била донесена по заедничката проверка со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и во координација со надлежните институции.
– По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец – вели градоначалничката.
Од општината уверуваат дека веќе се работи на трајно решение.
– Интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето – наведува Стаменкоска Трајкоска.
Воедно, таа упати апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација.
– Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција – порача Стаменкоска Трајкоска.