ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ЈАПОНИЈА Северна Кореја истрела уште една балистичка ракета
Утринава ракета пратена од Северна Кореја требаше да ја прелета Јапонија на пат кон Тихиот Океан, но јапонските радари ја изгубиле во воздухот и рекоа дека таа имала „неуспешен лет“. Сега, властите го предупредија населението за нова ракета.
Северна Кореја штотуку лансираше уште една ракета, а властите во Јапонија се сомневаат дека станува збор за балистичка ракета. Во меѓувреме, од кабинетот на јапонскиот премиер соопштија дека е издадено итно предупредување.
Северна Кореја утринава повторно истрела неколку балистички ракети, вклучувајќи и проектил што активираше предупредувачки аларми во неколку делови од централна и северна Јапонија, соопшти претходно денеска официјален Токио.
Јапонската влада првично соопшти дека ракетата ја прелетала територијата на земјата, што подоцна беше демантирано.
Јапонскиот министер за одбрана, Јасуказу Хамада, утринава изјави дека владата ја изгубила ракетата од радарот над Јапонското Море, додека јужнокорејските власти соопштија дека интерконтиненталната балистичка ракета имала „неуспешен лет”, јави агенција Јонхап.