📷 „ИТНО НЕКОЈ НЕКА Ѝ ПОМОГНЕ!“ Бритни Спирс ги загрижи сите со новата објава

500

Поп принцезата Бритни Спирс повторно се најде во центарот на вниманието поради една нејзина објава. Имено, пејачката објавила видео на Инстаграм во кое ги покажала ноктите, но многумина нејзини обожаватели се фокусирале на нејзиниот изглед и глас.

Спирс се пофалила со растот на нејзините природни нокти, а со кои претходно имала проблеми.






„Немав природни нокти од седмо одделение“, рекла пејачката, а многумина биле импресионирани од фактот што користела британски акцент.

„Се надевам дека нема да заврши како Мерилин Монро“, „Изгледа како да се дрогира“, „Итно ѝ треба егзорцизам“, „Очигледно ѝ треба некаков надзор или задолжителна терапија“, „Гледаме како умира“, „Вака изгледа некој што се дрогирал четири дена по ред“, „Еден ден ќе се предозира“, беа само дел од коментарите на обожавателите.

 

Потсетуваме, Бритни со години предизвикува слични реакции во јавноста со нејзините објави и однесување. Сè започнало по нејзиниот ментален слом во 2007 година, по што го загубила старателството над децата што ги доби со Кевин Федерлајн. Покрај тоа, таа завршила под старателство на нејзиниот татко Џејми, кое траело до 2021 година.

Пејачката официјално се разведе од третиот сопруг, манекенот Сем Ашгари на нејзиниот 43-ти роденден. Двојката се венчала во јуни 2022 година во нејзиниот дом, а Ашгари поднел барање за развод во август 2023 година, наведувајќи ги непомирливите разлики. Непосредно пред разводот, ТМЗ објави дека Сем се соочил со Бритни поради гласините за нејзино неверство. Сè уште не е познато дали гласините биле точни, но Сем им поверувал и тие се скарале, по што манекенот се иселил од нивната куќа.

Од друга страна кон крајот на ноември 2024 година, Сем бил фотографиран во Лос Анџелес како се држи за рака со неговата нова девојка Брук Ирвин. Инаку многумина на социјалните мрежи сметаат дека Брук изгледа како помлада верзија на Спирс.

Поврзани содржини