📽 „ИТНО КОПЧЕ“ ЗА БОЛНИ, ИЗНЕМОШТЕНИ И ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Таравари најави нови возила за Црвениот крст

Промовирани се 4 возила кои ќе бидат подготвени во секој миг да помагаат на болни, возрасни, изнемоштени и на лица со посебни потреби кои не можат да ангажираат некој од семејството.

814

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска го посети Црвениот крст на Република Северна Македонија и говореше за новите транспортни возила и за проектот „Итно копче“.

Посетата беше по повод промоција на партнерство со Црвениот крст за санитетски транспортни возила.






– Станува збор за промоција на 4 возила кои ќе бидат подготвени во секој миг да помагаат на болни, возрасни, изнемоштени и на лица со посебни потреби кои не можат да ангажираат некој од семејството – изјави Таравари.

Министерот зборуваше и за проектот „Итно копче“ кој ќе функционира 24 часа во неделата.

– Со Црвениот крст планираме уште еден проект – „Итно копче“, кој ќе функционира 24 часа во неделата. Овој проект е за повозрасни, болни, изнемоштени, за лица со посебни потреби. Кога ќе им треба услуга, ќе можат да го сторат тоа и да им помогнеме со санитарните возила. Доколку ова оди добро, ќе треба да ги активираме овие услуги и во другите градови – додаде министерот.

„Итно копче“ е услуга која е достапна 24 часа во неделата, а лицата ќе можат да побараат помош преку притискање на само едно копче, според веб-страницата на Црвен крст.

Користникот на аларм-уредот има само обврска да го притисне копчето на уредот и да почека повик од страна на операторот од контакт центарот на „Итно копче“. По воспоставување контакт со корисникот, корисникот ги споделува информациите за тегобите со кои се соочува, а обученото лице му дава понатамошни насоки, а по потреба се испраќа тим за прва помош во неговиот дом. Доколку има потреба, се обезбедува транспорт до соодветната установа, пишува на веб-страницата на Црвен крст.

Поврзани содржини